Treatment of diseases with herbal tea combinationsаЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА РОЗА КАНИНА



ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАБОЛУВАЊЕ СО ПОМОШ НА ПРОИЗВОДИ ОД ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА

en/mk

БОЛЕСТИ И НИВНИ РЕШЕНИЈА

Упатство за слабеење без нарушување на имунитет

Упатство Црнодробни и жолчни заболувања

Упатство за бубрежни заболувања

Упатство за стомачни заболувања

Упатство за лекување на Дијабет 1 и Дијабет 2

Упатство за заболувања на крвните садови

- Упатство за лекување на псориазис вулгарис (psoriasis vulgaris) кожни заболувања

- Упатство за лекување на ВИТИЛИГО - кожно заболување

Болести на женските полови органи

Болести на органи за дишење

Упатство за припрема и пиење на чаеви по заболувања и режими на исхрана - симни pdf

 

Болести на органите за мокрење

- Воспаление на уринарните патишта (уретри) бубрези (нефрит пиелонефрит) бешика (цистит);

- Талози, песок, камен во бубрези и бешика;

- Цисти и бактериолошки лекувања;

- Болести и простата (зголемена простата);

- Тумори и малигни болести;

Роза Канина наведените болести ги лекува со:

- помош на чаеви и чајни комбинации

- режими на исхрана и

- комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите

види повеќе во упатство за лекување на органите за мокрење

Види повеќе за третман бубрежни  заболувања кликни тука

Желудочно-цревни болести

- диспесии, тромос, гастритис, воспаленија;
- чир на желудник и дванаесетпалачното црево;
-дијареи, запек, акутен и хроничен колитис, улцерации;
-полипи, тумор и малигни болести на дебелото црево;
Наведените болести може да се лекуваат со следните производи:
- со помош на чаеви и чајни комбинации
- режими на исхрана и
- комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите.

Види повеќе во упатства за лекување на желудочно-цревни болести.
ЗА ЛЕКУВАЊЕ СЕ ЗЕМА ЧАЈНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЦРНО ДРОБНИ И ЖОЛЧНИ БОЛЕСТИ
- КОМПЛЕТ ТЕРАПИЈА

1. чај за жолчни и црнодробни болести 300 гр. (2/1) - се пие 1,5 литри на ден
2. чај за жолчни и црнодробни болести 300 гр. (3/1) - се пие 05, литри на ден
3. чајна комбинација семе од трн (4/1) се пие наместо кафе - 2*70 гр. наутро и навечер
4. ТИНКТУРА - се пие 3 пати по 1 капаче наутро на ручек и на вечер.

Заболувања на крвните садови
Заболувања на крвните садови:
-холестерол, прочистување на крвните садови од наслаги, постизливни и постирфактни состојби;
-венопатии(тромбоза, тромбофлебит, црвен ветар и сл.);
-капилоропатии;
-хемороиди(шуљеви и мајасол)
Роза Канина наведените болести ги лекува со:
-помош на чаеви и чајни комбинации
-режими на исхрана
-комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите

види повеќе за лекување на овие заболувања

КОЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

psoriasis punctata - псориазис пунктата – флеките се многу малечки колку зрно пченица

psoriasis guttata - псориазис гуттата – флеките се големи колку капки од роса

psoriasis nummularis - псориазис нуммуларис – каде флеките се големи колку ковани пари

psoriasis inplacibus - псориазис инплацибус – со големи флеки и лезии во форма на плочи и со широка зафатеност на кожата

anularni i circinarni psoriasis - ануларни и цирцинарни псориазис – каде се формираат лезии или плаки од најразличен вид

psоriаsis geographica - псориазис географика – каде лезиите се како географска карта

psоriаsis eritrodermithis - псориазис еритродермитхис – е еден од потешките видови на псоријаза

psoriasis inversa - псориазис инверса – се локализира на интернтригиналните делови и флексорнитестрани на екстремитетите и гениталиите со црвени глатни и сјајни површини кои често се влажни мацерирани со фисури и красти

psoraisis inveterata - псориазис инветерата- застарена псоријаза со остро ограничени промени на лактите и колената

psoriasis capiliti - псориазис капилити – го зафаќа окосмениот дел на главата со дебели наслаги на суви лоспи кај оваа псоријаза косата никогаш не паѓа

psoriasis palmoplantaris - псориазис палмоплантарис – тоа е псоријаза на длановите и табаните слична на егземата

psoriasis unguium - псориазис унгуиум – тоа е псоријаза на ноктите

psoriasis pustilosa - псориазис пустилоса – е поретка форма со видливи и стерилни пустули кои се придружници на некоја друга псоријаза.

psoriasis pustuloza generalisata - Псориаз пустулоза генералисата – се јавува на псоријатични жаришта најчесто предизвикано од арсен, кортикостероиди и сл. пратена е со зголемена температура и чешливост со промена на ноктите и зглобовите а може да биде и на дланките

Psoriasis arthropathica - Псориазис артхропатхика – е доста честа форма на псоријаза се јавува во облик на отоци, болки во зглобовите, промени на ноктите придружена е со деформатни артритис нешто слично на реуматоиден артритис со висока температура и прилично болно

Psoriaisis psoriasis erythrodermica - Псориазис Псориазис еритхродермика – е секундарна еритродермија, сува и ексфолијативна обично е псоледица на потешки заболувања на внатрешните органи

Наведените кожни заболувања се лекуваат со помош на чаеви и чајни комбинации, масти и премази, и комплет терапија со посебен режим на исхрана. Повеќе информации за начинот за лекување видете во Упатство за лекување кожни заболувања.

Види повеќе за лекување на ПСОРИЈАЗА кликни тука

Види повеќе за лекување на ВИТИЛИГО кликни тука

Болести на женските полови органи

Болестите на женските полови органи се прилично разнолични и обемни , како болести. Во оваа група ќе бидат споменати следниве:
нарушувања на менструалните циклуси,
воспаленија на вагината,
воспаленија на јајниците и јајцеводите,
стери��итетот,
болести на дојката и климктериумот како појава и болест.

- НАРУШУВАЊА НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС - Менструацијата е внатрешна промена во јајниците и матката, чија видлива стран�� е месечното крварење. Менструацијата трае од 3 до 5 денови и се повторува на 28 денови, што се смета за редовна и ��ормална менструација, и како единствено НОРМАЛНО крварење на половите органи. При менструацијата нормално е да се изгуби од 50 до 100 мл.крв. Првата менструација се јавува од 12 годишна до 14 годишна возраст а се нарекува МЕНАХРА. Ако се појави пред 12 години е „рана менахра“а ако се појави по 14 години е „доцна менахра“. Најдоцна што може да се појави е до 18 години. Последната менструација е измегу 45 до 50 година и се вика „МЕНОПАУЗА“ односно тој период е наречен „КЛИМАКС“ а самиот престанок на менструацијата е менопауза. Менструациите може да бидат РЕТКИ, кога се јавуваат по 31 ден и ЧЕСТИ кога се јавуваат во период пократок од 24 денови. Менструациите исто така може да бидат „СИЛНИ“ со зголемено губење на крв и често пропратени со болки и „СЛАБИ“ со малку крв и неболни. Појавата кога измеѓу менструациите се јавуваат неправилни крварења се вика „МЕТРОРАГИЈА„ и се смета за крварење кое нема врска со ментруацијата и асоцира на одредени заболувања и болести. Во одредени случаи доаѓа до „изостанок“ на менструација (каснење) и се вика „АМЕНОРЕА“ и асоцира на одредени проблеми и болести на половите органи, често пати и поврзано со стресни ситуации и нервози а се смета дека не е нормално.

- ВОСПАЛЕНИЈА НА ЈАНИЦИТЕ И ЈАЈЦЕВОДИТЕ- Воспаленијата на јајцеводите и јајниците најчесто се бактерриолошки инфективни процеси од кои се зафаќаат и јајниците и јајцеводите. Се јавува најчесто после абортуси, породувања, менструацијата, настинки, проблеми со органите на мокрачниот систем и слично. Може да биде АКУТНО И ХРОНИЧНО. Кај акутното воспаление се чувствува болка во пределот на јајниците, треска, температура, а трае неколку денови ако тоа не се реши преминува во Хронично заболување. Кај ова заболување често отсуствува температурата но е забележливо на лицето на жената. Воспаленијата често пати може да се пренесат и на мокрачниот систем (уретри, бубрези) и да направат поголеми проблеми (Цистит). Нерешавањето на воспаленијата често пати може да се база за други потешки заболувања како што се ЦИСТИ, ТУМОРИ, ПОЛИПИ и други потешки заболувања. ЦИСТИТЕ на јајниците и јајцеводите се честа појава и болест на овие органи. Тоа се творевини чија течност е заразна и чија големина може да се мери со сантиметри (должина и ширина) и килограми (тежина).

- ВОСПАЛЕНИЕ НА ВАГИНАТА- Воспаленијата на матката се воспалителните процеси на СЛУЗНИЦАТА на матката и ткивото под неа, а причинители се најчесто- бактериите, вируси, габи и слично. Најчесто тоа доаѓа како резултат на нарушување на одбрамбениот механизам и „базичноста“ на средината на матката, која станува „кисела“ а како последица на менструацијата, абортуси, раѓања, неодржување хигиена, употреба на антибиотици и други болести (шекер), туѓи тела, контрацепции, менување на „партнери“, најчести знаци се „чешливоста“, смрдлив исцедок, белите прања, печење, болки, температура и слично. Често пати оваа е основа и за други болести потешки како што се :воспаленија на околните ткива, ранички (фиброми) превртена или искривена матка, полипи, туморозни состојби и малигни болести

- СТЕРИЛИТЕТ- Е неможност поради повеќе причини да се забремени, мегу кои најчесто е „нарушувањето на овулацијата“, непроодност на јајцеводите, неквалитетни јајцеви клетки, хормонски и хромозомски проблеми, прележани тешки болести, полови болести, алкохолизам, цирози, шеќерна болест и слично.

- БОЛЕСТИ НА ДОЈКАТА- Најчести се воспаление на млечните жлезди- МАСТИТИС- пропратено со болка, црвенило треска, температури и слично. ПОВРЕДА НА БРАДАВИЦТА- се добива најчесто при доењето, проследено со крварење, болка, НЕДОВОЛНО ЛАЧЕЊЕ НА МЛЕКО е најчесто последица на маститисот, стресови. ГАЛАКТОРЕА е појава на самотечење на млеко, која може да биде предизвикано од други болести, стресови и слично

- КЛИМАКТЕРИУМ- Е преодниот период во животот на жената кога се гаси активноста на јајниците и престанува.

Појавата на менструацијата (МЕНОПАУЗА) Се јавува измегу 40 и 50 тта година од животот, често пати проследен со многу проблеми и болести, се манифестира со појава на црвенило на лицето, вратот и градите, чувство на топлина, потење, несоница, главоболки, замор, слаба концентрација, депресија, остеопорози, исхемии , тромбози, нервози и слично. Основниот белег при климаксот е гаснење на функцијата на лачењето на јајниците на хормоните кои се задолжени за одбраната на организмот. Тоа се 4 поважни хормони меѓу кои и ЕСТРОГЕНОТ и прогестеронот чије нелачење е поврзано со повеќе видови на болести што се јавуваат во овој период. Нелачењето на овие хормони често доведува до: намалена дебелина на матката и нејзината слузница, сув и тенок епител на вагината и смалена циркулација на крв во тој дел, губење на цврстината и елстичноста на градите, промени во смисла на мастоцитози, грутки, пигментацијата, брадавиците, намалена густина и опаѓање на косата, зголемување на масните наслаги (дебелеење) артериосклерози, можност од инфаркти и изливи, жолто бледа боја, појава на брчки и млитавост, зголемена длакавост на места каде нетреба, ,губење на женственоста, незаинтерисараност за секс, болки, жештини и слично.

Симптомите се изразени преку зачестени јадежи (прутитус) на вулвата, зачестени крварења, бели прања со зачестенни бактерии, болни и непријатни сексуални односи, ранички на грлото или дното на матката, зачестени мокрења Тахикардии, аритмии, замастувања на црниот дроб, камења во жолчката и слично. Често пати за да се прикријаат или непризнаат природните процеси се избират погрешни чекори-прељуби, менување на партнерите, земање на јаки антидепресиви, алкохолизам и други настрани и непожелни работи. Поради стравот често пати се применуваат и погрешни методи на решавање на проблемите со што се доведува во уште полоши состојби и проблеми.

Лекување и третман на женски полови заболувања кликни тука

БОЛЕСТИ НА УРИНАРНИТЕ ПАТИШТА, БУБРЕЗИ, БЕШИКА

2.1 воспаленија на уринарни патишта, уретри, бубрези (нефрит, пиелонефрит), бешика (цистит) бактериолошки болести (бактерии)
КОИ ЧАЕВИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ И НА КОЈ НАЧИН
2.1.1 Чај за уринарни патишта - бубрези, во литар и пол вода што вари се ставаат 3 супени лажици од чајот, садот се вади од огнот се покрива со капак и се остава да излади најмалку 2 сати. Се процедува и се пие преку цел ден наместо вода. Пожелно е дневно да се испива до 3 литра за да се врши перење на уринарните патишта и бубрезите и бешиката.
2.1.2 Преспанска горчица – чемер - се пие три пати на ден пред јадење 20 минути по 10 милилитри.
2.1.3 Медовина – се зема два пати на ден по едно кафено лажиче пред јадење
2.1.4 Исхрана – се користи – вегетаријанска исхрана - види прилог
терапијата трае од 21 до 42 дена
2.2 Талози, песок, камен во бубрези, уретри, бешика, цисти, полицистични бубрези, бактериолошки проблеми (ешерихија коли, кандида и др. ) инсуфициенција, нефросклероза, тумор,

КОИ ЧАЕВИ СЕ ЗЕМААТ И КАКО
2.2.1 Чај за бубрези – 3 супени лажици од чајот се попаруваат со 1,5 литар жешка вода се покрива садот со капак, да отстои 5 сати (најчесто се спрема од вечер и стои цела нок) се процедува и се пие најмалку три до 5 литра на ден. Кај бубрежна инсуфициенција и нефросклероза днево треба да се зема од овој чај од 1 до 1,5 литри.
2.2.2 Чај број 3/1 - една супена лажица од чајот се попарува со 0,5 литри жешка вода, се покрива садот со капак и се остава да отстои 30 минути. Се процедува и се пие пет пати на ден по сто милилитри.
2.2.3 Преспанска горч��ца – чемер - се зема три пати на ден по 12 милилитри на гладно, пред јадење 20 минути.
2.2.4 Медовина се зема 3 пати на ден по едно кафено лажиче
2.2.5 ИСХРАНА – не смее да се јаде - месо и месни производи, сирења и кашкавал, млеко, ајвар и туршија, кисела зелка, бело брашно и пецива, шеќер, газирани и густи сокови, грав, спанаќ, црн домат, банана и портокали, јајца,чокалада и какао, кафе, круши.
Може да се јаде - ржен леб, кисело млеко, боранија, грашак, леќа, помалку компир, ориз, зеленчук и овоштие. Да се јаде повеќе сезонски салати и овоштие. Два пати неделно може да се користи морска риба (се јаде без кожата) и без гарнири и еднаш неделно пилешко месо без гарнири.

Задолжително се користат праз, кромид, боранија, краставици, препорачливо е да се зема - 2 измиени лушпи од јајца се ставаат да отстојат 12 сати во сок 1-2 лимона и супена лажица ладно цедено маслиново масло. Се процедува и се пие на гладно. Се користи десет дена, 5 дена се прави пауза и уште еднаш десет дена.За оние кои имаат камен или камење во бубрезите, уретрите и бешика - се зема и обичен темјан (се купува од црква - се земаат десет капсули - кожурци од антибиотици од кој се отстранува содржината и истите се полнат со истолчениот темјан. Се зема 10 дена, сабајле на гладно со лушпите од јајца заедно, 5 дена се паузира и повторно 10 дена. За камење се користи исто така и Роватинекс -3 по 1 апче.
Терапијата трае најмалку 42 дена а по потреба се продолжува до целосно решавање на проблемот.

Види за лекување на Уринарни заболувања  кликни тука

 

БОЛЕСТИ НА ЖЕЛУДЕЧНО, ЦРЕВНИТЕ ОРГАНИ

5.1.1 Болести - диспепсија, тромост, недобро варење, воспаленија, гастритис, Чир на желудник и дванаесетпалачно црево, запек, дијареи, акутен и хроничен колитис, улцерации, улцерозен колитис, полипи, нодули, аденоцарциноми, тумор на дебело црево и др.

5.1.2 КОИ ЧАЕВИ СЕ ЗЕМААТ И КАКО
5.1.3 Чај за црнодробни болести - 1 супена лажица од чајот се попарува со 1 литар жешка вода и се остава да отстои 2 часа, се пие на празен желудник, 5 пати по 200 милилитри.
5.1.4 Чај број 3/1 – едно кафено лажиче се попарува со 150 милитри жешка вода се остава да олади 30 минути се процедува и се пие 2 пати на ден на гладно.
5.1.5 Преспанска горчица - чемер Се пие 5 пати на ден по 10 милитри на гладно.
5.1.6 Медовина – се зема 3 пати на ден по едно кафено лажиче на гладно.

5.1.7 ИСХРАНА - се користи вегетаријанска исхрана - види прилог.
Кај улцерозен колитис, акутен и хроничен колитис, аденокарциноми, проливи задолжително се користи - пшенична каша, 5 пати на ден по 100 милилитри.
Сирутка од козјо млеко 5 пати по 100 милитри , кисело млеко, а од јадењето може да се јаде само компир, ориз , бројсовиот сок до 300 милитри тиква, варени моркови.Терапиите трајат најмалку до 42 дена а по потреба се до целосно решавање на проблемот.
БОЛЕСТИ НА БЕЛОДРОБНИТЕ ОРГАНИ
6.1 БОЛЕСТ - исфрлање на шлајм, акутен и хроничен бронхит, бронхијална астма , Ту и други болести
КОИ ЧАЕВИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ И КАКО
6.1.2 Чај за мокрење - 3 супени лажици се попаруваат со 1,5 литар врела вода, се покрива со капак садот и се остава да излади два сата. Се процедува и се пие преку цел ден место вода.
6.1.3 Чај број 3/1 - 1 кафе лажиче се попарува со 150 милитри врела вода се остава да отстои 30 минути, се процедува и се пие 2 пати на ден на гладно.
6.1.4 Преспанска горчица се зема 5 пати на ден ,на гладно по едно капаче од шишето.
6.1.5 Медовина – се зема на гладно 5 пати по едно кафено лажиче.
ИСХРАНА - се зема вегетаријанска исхрана – види прилог
Корисно е да се зема следново -1 кгр, чист мед се меша со 100 грама бел синап (сомлен), 100 грама сомлено ленено семе и пакетче црн мелен бибер. Сето се меша и се зема три пати на ден на гледно по една супена лажица.

БЕЛИ СМРТИ СЕ - бело брашно, пресно млеко и сирење, шеќер, ситна сол и вода од водовод. Во сите системи за исхрана треба да се исклучат.

Најдобро е околу исхраната да се контактира со треварот доколку нешто не е јасно.

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ за време на терапиите со чаеви и исхрана
1. Првин за себе и сопствениот живот и здравје,после за другите (деца, маж и.т.н.) еден е животот, посебно за оние кој добиваат втор или трет живот.
2. Према 24 часовниот биоритам, време за јадење е од 11,00 до 20,00 часот, време за варење на храната е од 20,00 до 04,00 сатот (варење, ресорпција), време за чистење на организмот е од 04,00 до 11,оо сатот. Првиот сон е секогаш од 23,00 до 24,00 и тогаш треба да се заспива,тогаш одмара срцето, ако тоа се прескокне не е добро.
3. Не треба да се јаде основна храна пред 11,00 и после 20,00 сатот.
4.Да не се мешаат јадењата (да се прават гарнири). Јадењата се земаат поединечно, пример се јаде само компир, или само ориз. Салатите секогаш се земаат 30 минути пред основното јадење исто и овоштието.
5. Се готви си о маслиново масло, морска сол и чиста вода (флаширана).
6. Се јаде онолку колку што се троши, другото е беспотребно оптоварување на организмот и органите.
7. Се јаде повеќе пати на ден, се поткаснува на секој три сати, а не еднаш да се јаде во денот и да се „прејадува".
8. Задолжително се физички активности, колку што се може, посебно пешачење.
9. Да не се спие после јадење и никако денски, денско спиење е болест.
11. Ментални филмови и медитации се прават во темна соба, легнат на плеќи со спуштени раце и малку подраширени нозе, се медитира најмалку пет минути или пак во природа на мирни и осамени места.
11. Да не се спие со главата свртен кон запад (врвот на главата).
12. Во куќата во која живеете во стварите не смее да се чува *нафталин* туст *тост* средство против молци, поради неговите постојани зрачења со патогени зраци и штетни дејства.
13. Дишењето треба да биде правилно и длабоко и да се настојува да се дише чист воздух, поради неговото основно значење, затоа што тоа е основот на животот, организмот 80% е зависен од кислородот.
14. Болеста не треба да се крие од никого, така се олеснува проблемот а можноста за решенија на тој начин се зголемува.
15. Болестите се сите исти, се умира и се преживува од се и од ништо, зависи од тоа кој како се однесува и како ги користи природните закони. Природата е моќна работа, многу е милостива и дарежлива ако се почитуваат нејзините правила, а немилосрдна е кога не се почитува, и ако се спротиставувате на нејзините закони.

Види повеќе за лекување на овие болести кликни тука