|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
Alternativna Medicina DOOEL Roza Kanina Resen - Psoriasis Vulgaris |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
БОЛЕСТИ НА ЖЕНСКИТЕ ПОЛОВИ ОРГАНИ СТРУКТУРА И СОСТАВ НА НАДВОРЕШНИТЕ ПОЛОВИ ОРГАНИ
ВУЛВА (СТИДНИЦА, СРАМНИЦА) го опкружува влезот во вагината, и е составена од : клиторис, големи усни, мали усни, отвор на мокрачниот канал од бешиката, химен, бартолинови жлезди и отвор на вагината. КЛИТОРИС – е мала чвораста структура на врвот на вагиналниот простор , на местата каде се спојуваат големите усни а претставува центар на сексуланото возбудување а неговата структура на ткивото е слична на материјалот од кој е изграден машкиот полов орган. ХИМЕН – (девичњак) е слузокожна мембрана која делимично или целосно го покрива вагиналниот отвор а се кине со првиот сексуален контакт. Хименот не е целосно прекиен има отворчиња низ кои се врши проток на менструалната течност. ХИМЕНОТОМИЈА (хируршко пресечување на хименот заради проширување на вагиналниот отвор ) БАРТОЛИНОВИ ЖЛЕЗДИ се две мали топчести структури кои се наожаат во долниот дел на усните од двете страни на вагуната со мало каналче тие се поврзуваат со вагиналниот канал. Тие лачат служава супстанца која овозможува лизгање влажност на внатрешните површини на вагината. БАРТОЛИНОВА ЦИСТА преставува оток на течноста каналот или жлездите што предизвикува блокирање на вагиналниот канал, овие цисти можат да бидат мали како грашак а можат да порастат до големина на орев. Предзнаци за вакви цисти се болки при одењето, оок на вагиналните усни, или болки при однос. ЛЕЧЕЊЕ – се лечат по хируршки пат или со помош на чаеви . БАРТОЛИНОВ АПЦЕС – ЛЕЧЕЊЕ - претставува инфекција на бартолиновите жлезди предизвикани од некои бактерии, се лечи со антибиотици или со помош на чаеви. ВУЛВИТИС – претставува воспаление или инфекција околу полните ргани најчетсо поврзано со внатрешни инфекции на вагината . ЛЕУКОПЛАКИЈА НА ВУЛВАТА – е заболување на кожата на вулвата кое каактеризирано со прекумерен раст на клетките и најчесто доведува до развој на рак . Зафатената област е со сифкасто бела боја и изглед на пергамент. Точните причини не се познати али се претпоставува дека леукоплаикајата е поврзана со лачење на хормоните од јајниците и најчесто се случува после менопаузата . Претставува ретко заболување, изразени симптоми се чешливост, воспаление, оток, болка, црвенило па често и крварење. Често пати ненавременото лечење доведува до појава на рак. Лечењето е по хируршки пат и се нарекува вулвектомија, при што се отсрануваат сите зафатени делови. А може да се решава и со помош на чаеви. ВАГИНА (РОДНИЦА) - е цевчест канал со должина од 10 центиметри, прекриена со слузокожа која е прилично еластична. Функциите на вагината се за полно општење, таа е приемник за полагање на машката сперма, е одводен канал за изливање на менструалната течност, и пролазен пат за излегување на новороденчето. Ракот на вагината е ретко заболување, а како почести болести се полип на вагината, цисти, добро чудни тумори од кои најчест е фибромот, лечењето е или по хируршки пат или со помош на чаеви. ИСПАГАЊЕ НА МАТЕРИЦА (ПРОЛАПС) – е ненормално спуштање на материцата во вагината и е често пати поврзано со пореметување на бешиката и чмарот. Симптомите на испдната материца се чувствуваат како исполнетост на вагината, како полна вагина, како нешто да паѓа надолу и се чувствува при одењето. При испадната материца се осеќаат тешкотии при мокрењето, работата на цревата и сексуалните односи. Лечењето е најчесто хируршко, а може да се решава и со помош на чаеви. ЦИСТОКЕЛА – (ХЕРНИА), КИЛА – е кила на зидто на бешиката во делот на вагината, а се карактеризира со оток и целосно паѓање на бешиката во вагината. РЕКТОКЕЛА – (ХЕРНИА ИЛИ КИЛА на ректалниот зид на дебелото црево во вагината ) настанува најчесто со механички повреди. Лечењето е по хируршки пат. ВАГИНИТИС – Е воспаление на вагината , најчесто предизвикано од паразитски инфекции како што е “трихомонас” , ганична инфекција- монилија, секојдневни бактериски инфекции предизвикани од стафилокока, стрептокока и други, промени предизвикани со стареењето, (сенилни вагинитис) , компликации после долга примена на антибиотици кои ги ништат коирсните вагинални бактерии, кои се најчесто присутни и корисни и не предизвикуваат. Паразитски и габични инфекции на вагината се предизвикани од промена на киселоста на вагината, односно поради зголемена закиселена средина, се интензивира нивниот развој и доведува до инфекции. Вагиналните течности се базични соединенија. Симптоми на вагинитисот најчесто се појава на чешливост, лачења на вагинални течности, болка при однос, болка при мокрење, и појава на отоци. Вагинитисот се лечи по медицински пат со соодветни лекарства а исто и со чаеви. Гливичните инфекции на вагината можно е да се преносливи и кај мажите. ГОНОРЕА – Преставува потешко заболување и најчесто се добива од полн однос со заразен маж. Со Гонореа се зафаќаат сите органи на вагината, и може да предизвика и гонорејски перитомитис. Симптомите на гонорејата се чувствуваат со нелагодност во вагината, лачење на течности од вагината , пецкање и често мокрење. Дијагнозата се воспоставува на лекар. Иако навреме се лечи е лечлива. Во спротивно станува прилично тешко и непријатно заболување. СИФИЛИС – е тешко и заразно заболување а лечењето треба да е медицинско. МЕНСТРУАЦИИ – претставува одлив на крвата од вагината, во редони интервали во текот на животниот период, на жената. Менструацијата започнува меѓу единаесетта и шеснесетта година а престанува меѓу 45 – 55 години. Нормален менструален циклус се јавува на секој 28 дена со одредени варирања од три до пет дена. На редовноста на менструацијата имаат влијание и разни надворешни фактори како што се промена на климата, емоционални пореметувања, разни инфекции , хормонални пореметувања, цисти , исхрана и сл. При бременост менструацијата изостанува. При секое евентуално пореметување, ненавремена менструација, болни ментсруации, предвремени или закаснети треба да се побара лекарски совет, а одредено лечење на овие проблеми има и со помош на чаевите. Вообичаени причини за нередовни и неуредни ментсруации се: разни инфекции, бактриски или гливични, бинигни или малигни тумори, хормонални пореметување во матерична бременост и други потешки заболувања на други органи во организмот, тешки пнеумони, хепатитиси и сл. Прекумерните крварења се ненормална појава и треба веднаш да се побара лекарски преглед. ДИСМЕНОРЕЈА – е болна менструација која може да биде примарна или секундарна која често пати е врзана со одредени заболувања, тешки емоционални состојби и сл. ПРЕДМЕНСТРУАЛНА НАПНАТОСТ – е појава на нелагодна вознемиреност, пред менструацијата а се прешишива на промената на количината на хормоните кои различно се излачуваат за време на менструалните циклуси најчесто од јајниците. Пропратени се со раздразливост , емоционална нестабилност, плачење, болки во крстот , грчеви во стомакот, оток, главоболки и сл. Во вакви состојби се помага со помош на чаеви кои имаат диуретични својства, и ограничување на земање на сол при јадењето. ГРЛИЧ НА МАТЕРИЦАТА (ЦЕРВИКС) – е дел од утерисот, во средината со каналче, кои се простира од вагината до внатрешноста на самата материца. Единствено при преглед од лекар е дел од материцата кој може да се види. Функцијата на цервиксот е да ја чува материцата од бактерии, и влегување на други страни честички, го чува развојот на ембрионот за време на бременоста, има и други функции. ЦЕРВИЦИТИС – Воспаление на цервиксот предизвикано од бактерии или габи, ерозија на цервиксот, е исто така вопалителен процес често предизвикан и од механички повреди. ЦИСТИЧНИ ЦЕРВИТИТИС – е воспалителен процес на цервиксот со мали цисти. Хипертотрофични цервититис – е болест со цистични состојби и ерозија на цервиксот кој најчесто станува и хрничен со почести цистични формации. Причини за цервицитисот се : бактериолошки, габични или паразитски, механички повреди или вродени недостатоци. Симптомите на цервицитисот се зголемено вагинално лачење (леукореа) , беличасто или жолтеникаво, вагинално крварење после однос. Лечењето е медицинско или со помош на чаеви. Често пати нелечењето на овие заболувања доведува до појава на тумор или рак. ПОЛИП НА ЦЕРВИКСОТ – е мал бенигден тумор со форма на грашок , цреша и др. Симптомите на полипот на цервиксот се излив од вагината , појава на темни капки измеѓу ментсруациите, грчеви, болки и сл. Лечењето е медицински или со помош на чаеви. Честа појава на грлич на матката или цервиксот е ракот кој тешко се открива бидејќи нема некој поизразити симптоми.
Female Organs tratment by Alternative medicine Roza Kanina DOOEL Resen , Macedonia |
||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|